Бегството на Груевски и барањето политички азил во Унгарија не го амнестира Врховниот суд во фиока, 20 дена да ја чува неговата жалба за која треба да се произнесе и СЈО

Објавил: Мартин Попоски | 15 ноември, 2018 8:38

Жалбата на Груевски никако да стигне до Врховен?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И по три недели жалбата за двегодишната затворска казна на поранешниот премиер Никола Груевски, никако од Кривичен преку Апелација да стигне до Врховниот суд.

Кочењето на процедурата првостепениот суд пред две недели ја правдаше со жалбата на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е осудена за истиот случај, но во издвоена постапка.

Но, барањето на Јанкулоска да се преиспита постапката на Кривичен, веќе стигнал до второстепениот суд.

Неофицијално барањето на Груевски е испратено до Врховен, од каде информираат дека процедурата е во тек, но поверојатно е дека случајот на Груевски ќе почека во фиока, но заради негова штета, а не корист.

Врховен не може да одлучува по жалбата, без мислење од СЈО, рокот на Катица Јанева и е 15 дена, но ништо не ја спречува мислењето да го достави и после утврдениот рок, оти казнени одредби за тоа не постојат.

Откако ќе стигне мислењето од СЈО, Врховен може да закаже седница веднаш, а може и по неколку месеци и за ова нема краен рок ниту казнена одредба. Ако Врховниот суд закаже седница, од третостепениот суд ќе зависи дали ќе донесе мерка веднаш да запре извршувањето, или истото да го прекине, се додека врховните судии не се произнесат по вонредното преиспитување на пресудата.

Таква одлука имаше во случајот со поранешниот премиерот Владо Бучковски за аферата „тенковски делови“.

Во меѓувреме бранителите на Груевски предупредуваат дека Македонија во правна смисла не е изолиран остров, потсетувајќи на одлуката на највисокиот суд во Атина, кои одбија екстрадиција на двајца поранешни функционери во МВР, обвинети во случај на СЈО.

Врховниот суд во Грција тогаш повикувајќи се на Меѓународниот суд за човекови права донесе одлука дека амнестијата не може да се отповикува или поништува. Поранешниот премиер Груевски е во Будимпешта каде бара политички азил поради како што тврди заканите по неговиот живот. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести