Митрев вели дека веќе три недели ја применуваат оваа метода и досега тоа даде одлични резултати.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 јули, 2020 10:06

Жан Митрев: Со новиот метод на прочистување на крвта излечивме 25 пациенти заболени од Ковид-19 (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Истакнатиот македонски Кардиоваскуларен хирург доктор Жан Митрев кој воедно е и основач и главен хирург во приватната болница „Жан Митрев” истакна дека на клиниката се користи нов метод за лекување на пациентите заболени од Ковид 19. Тој посочи дека со примена на нов концепт на хемофилтрација, прочистување на крвта досега во клиниката се излечени 25 пациенти кои биле во тешка состојба.

Со принципот на хемофилтрација во клиниката Жан Митрев до сега се излекувани 25 пациенти.

Митрев вели дека веќе три недели ја применуваат оваа метода и досега тоа даде одлични резултати.

„Сите примени пациенти беа со изразени симптоми на ковид инфекција. Нашиот концепт на лекување подразбира прво следење на инфективните параметри, го одредуваме инфламаторниот индекс на тој пациент и одиме на хемофилтрација прочистување на крвта за 24 или 48 часа, а за некои пациенти во тешка состојба прочистувањето трае и подолго. Досега се третирани 25 пациенти со индикација да се стават на респиратор, што со примена на овој метод го избегнавме. Повеќе од половината од пациентите се веќе дома, а другите се во фаза на опоравување.

Доктор Жан Митрев истакна дека се поголем е бројот на млади пациенти заболени од Ковид-19, а исто така и предупредува дека се работи за сериозна болест.

Оваа техника на која ние пристапуваме дава одлични резултати, резултатите се евиденти. Загрижувачки е тоа што имаме се повеќе млади пациенти. Ова е тешка болест, многу агерсивна и досега во светски рамки нема концепт како треба пациентите да се третираат. Се работи за навистина сериозна болест. Ова е еден концепт кој за сега дава охрабрувачки резултати за тешко болни пациенти пред интубација. За оваа метода наскоро ќе објавиме и по познатите светски научни портали“, изјави д-р Митрев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.