Жан Митрев дал гаранција од 1 милион евра дека нема да бега од земјава

Објавил: admin@magazin | 5 октомври, 2022 19:27

Кардиологот Жан Митрев дал гаранција од 1 милион евра дека нема да бега од земјава

Фото/Текст извор: ©24 вести

Доктор Жан Митрев и сопственик на истоимената клиника дал гаранција од еден милион евра во Осоновниот кривичен суд во Скопје дека нема да избега од државата во рамките на истрагата која се води против него за делото измама на пациенти.

Шефот на скопското обвинителство Гаврил Бубевски на денешниот брифинг со новинарите информираше дека и покрај платената гаранција, пасошот на Митрев се уште не му е вратен. 

Сослушани се 80 отсто од луѓето кои сметаат дека се измамени од страна на клиниката Жан Митрев. Митрев даде гаранција од милион евра дека нема да ја напушти државата додека трае истрагата. Пасошот се уште не му е вратен, а тој го нема побарано ниту со образложение дека поради работа треба да ја напушти државата. – изјави Гаврил Бубевски шф на скопско обвинителство.

Од обвинителството брифираат и дека се очекува да поминат два до три месеци за да заврши истражната постапка, па дури потоа ќе се знае дали ќе биде отворено обвинение против Митрев или не.

ОЈО оформи случај против Жан Митрев по сторијата на ИРЛ, „Нечиста крв“, која открива дека приватната болница Жан Митрев при третман на ковид пациенти го применувала методот на хемофилтрација, како клиничка студија, која спротивно на домашното законодавство не била пријавена и одобрена од МАЛМЕД. Од клиниката досега ги демантираа овие наводи и излегоа со став дека немаат од што да се плашат и остануваат отворени за соработка со институциите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...