Евроамбасадорот Жбогар, започна предреферендумска кампања во име на Владата на Заев, и на прва "топка" се сопна, со Договорот со Бугарија на Заев

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 август, 2018 9:34

Жбогар ги заборави бугарите за кои нема во ЕУ со Македонски јазик

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Евроамбасадорот во Македонија, Словенецот Самуел Жбогар се впушти во политички игри за кои ни Владата на Заев се плаши да ги ирга па јавно во поддршка на референдумот изјави дека цела Европа ќе го збогува јазикот на Конески, Матевски и Димковска. 

Најверојатно мислеше на Македонскиот јазик за кој му беше страв да го именува, но прашање е и дали Жбогар ги следеше изјавите на претседателот на Република Бугарија, Радев, како и премиерот на оваа земја членка на ЕУ, Бојко Борисов, кои беа јасни во своите ставови, дека, Македонски јазик не постои, постои само западно бугарски дијалект, и Македонија во ЕУ може да биде членка, но јазикот на кој ќе говори ќе е бугарски.

Жбогар во предреферендумска еуфорија изјави една голема лага.

Нашата цел е да слушаме и да ги разбереме вашите грижи во врска со процесот на ЕУ. Сакаме да ги споделиме придобивките од тоа да се биде земја-членка, да се биде еднаков дел на поширокото семејство, а со тоа јазикот на Блаже Коневски, Матеја Матевски и Лидија Димковска, да стане официјален јазик на Европската унија преведен како никогаш порано. Да бидеме сведоци на посилен интерес на вашата култура, јазик и идентитет, што ќе резултира со зајакната самодоверба како нација.

Изјави евроамбасадорот во Македонија Самуел Жбогар, на почетокот на кампањата за серијата дијалози со граѓаните „Замисли иднина заедно!“, што во следните неколку седмици ќе се спроведува во повеќе градови во земјава.

– Кога има бура на море или езеро, паметно е да го закотвите вашиот брод на пристаниште. Денеска нашиот свет се соочува со времиња на предизвици, додека семејството на ЕУ е вашето пристаниште, порача Жбогар. 

Тој истакна оти одлуката на граѓаните на претстојниот референдум ќе влијае врз иднината на земјата, како и на односите на Унијата со Македонија.

– Затоа во нашата кампања нема да зборуваме за договорот, тоа е нешто што мора да го одлучат самите граѓани, но во исто време сакаме да им претставиме на граѓаните што е ЕУ, како нашиот однос ќе се развива во иднина, колку сакаме да го видиме почетокот на преговорите и нашето партнерство да се развива напред и сето тоа да го презентираме на граѓаните, рече Жбогар.

На новинарско прашање дали македонската администрација има капацитет да ги води преговорите со ЕУ, Жбогар рече оти во земјава има многу таленти и дека капацитетот не е ограничен само на Владата.

– Има капацитет и во опозицијата,  затоа веруваме оти е важно ова да биде заеднички подвиг, сите во земјата да се обединат во овие преговори, оцени Жбогар.

Преку кампања „Замисли иднина заедно!“ Жбогар со неговиот тим во следните неколку седмици ќе посетат неколку општини низ земјава со што, рече, ќе ги доближат до македонските граѓани европските вредности и ќе слушнат директно од нив што се нивните грижи, што сакаат да се подобри во нивната општина, што сметаат дека ЕУ може да стори подобро за нив.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.