Испорачавте се што беше побарано од вас, го исполнивте вашиот дел.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 октомври, 2019 16:34

ЖБОГАР: Го исполнивте вашиот дел, но ние имаме внатрешни проблеми во ЕУ

Фото/Текст извор: ©мгазин.мк

Евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар во интервју за МИА посочи дека Македонија оствари се што требаше, но за жал и овој пат ЕУ реши да го одложи процесот за добивање датум за преговори.

Евроамбасадорот Жбогар во интервју за МИА потврди дека Македонија ги исполни сите барања за да добие датум за преговори

Испорачавте се што беше побарано од вас, го исполнивте вашиот дел. Но во Европската Унија одлуките за овие прашања се носат едногласно, а за жал ние повторно го одложивме ова прашање. Го разбираме разочарувањето на граѓаните и на политичарите од одлуката на Европскиот Совет во Брисел, но остануваме посветени на Северна Македонија и на регионот вели Жбогар,.

Жбогар изјави дека треба да се извршат реформи и во самиот процес на носење одлуки внатре во самата ЕУ и потсетува дека проширувањето на ЕУ кон регионот останува нивен стратешки приоритет, и тоа не е променето. На прашањето дали во мај на Самитот во Загреб очекува земјава да добие датум, вели дека сега ЕУ треба да се воздржи од ветувања.

-Треба да се воздржиме од ветувања, бидејќи ветивме во јуни лани и во јуни 2019 и сега во октомври и сега е најдобро да се воздржиме од давање ветувања за датуми, но затоа треба да се фокусираме на правењето на вистинските промени, порача Жбогар.

Во однос на тоа дали ќе се засили руското политичко и кинеското економско влијание во регионот по француското „не“ за Северна Македонија, Жбогар за МИА вели дека во ЕУ немаат ништо против земјите да имаат добри односи со други земји.

– Не сме против земјите да имаат добри односи со Руската Федерација, како и економски односи со Кина. Тоа е до самите земји да проценат какви придобивки добиваат со тоа. Убедени сме, а и добивме потврда синоќа од лидерите на сите политички партии, дека тие ја гледаат иднината на земјата во ЕУ и дека ќе сторат се за да го забрзаат процесот, потенцира Жбогар.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.