Стево Пендаровски, истакна дека голема грешка е што претходно неколку пати Власта изјави дека датумот за влез во ЕУ е завршена работа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 декември, 2019 9:10

Ниту тој не е оптимист: Пендаровски вели шпекулаци се тврдењата за добивање датум на пролет

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното гостување во „Емисијата 200“ на Алсат претседателот на државата, Стево Пендаровски, истакна дека голема грешка е што претходно неколку пати Власта изјави дека датумот за влез во ЕУ е завршена работа.

Грешевме што прикажувавме дека работата со добивањето датум за почеток на преговори со ЕУ е завршена работа, рече Пендаровски.

Претседателот Пендаровски вели дека не е оптимист за добивање датум за преговори на пролет

На прашањето дали можеби на пролет има шанси за добивање датум, претседателот Пендаровски вели дека е релативно тешко работите да се подредат според за нас посакуваната динамика, потсетувајќи дека сѐ уште е неизвесно дали новата методологија ќе биде изгласана во јануари.

-Првичните информации кои ги имаме околу ново предложената методологија од страна на Франција велат дека барем 11 држави членки имаат амандмани на тоа, 9 земји членки излегуваат со сосема нов предлог. Мислам дека ниту Французите не знаат кога нивниот предлог, ако воопшто биде прифатен, кога може да биде формално гласан во Комисијата, вели Пендаровски.

Претседателот Стево Пендаровски изјави и дека сега не постои никаква логика за преместување на изборите, кои се веќе закажани за 12ти април.

Според него, закажување на датумот на изборите по 6 месеци беше неопходно заради формирањето на Техничката влада 100 дена пред изборите.

– На само неколку месеци по 12 април влегуваме во термин за редовни избори и не можам да видам која партиска или државна логика би барала тие избори да се одложат – вели Пендаровски во емисијата „200“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести