Тимоние потенцираше дека постои и агенда на реформи во политичката агенда како и законот за Обвинителството, кои се клучни за добивање датум за влез во ЕУ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 јануари, 2020 11:34

Тимионие: Успешни избори во април се предуслов за датум

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние за Утрински брифинг деенска изјави дека е оптимист и верува дека на Македонија и се потребни успешни избори.

Според францускиот амбасадор во Скопје, постои комплетна листа на точки поврзани со борбата против корупцијата, одвојувањето на државата од партијата, реформите во администрацијата и полето на медиумите.

Тимоние потенцираше дека постои и агенда на реформи во политичката агенда како и законот за Обвинителството, кои се клучни за добивање датум за влез во ЕУ.

Знам дека предлогот на Комисијата треба да го добиеме до крајот на месецов. Ова не се одлучува еднострано. Има консензус за нашите предлози. Не очекувам компликации бидејќи нашите предлози беа базирани на аргументи за кое е потребно време. Мислам дека до самитот во Загреб ќе бидеме спремни.Потребно ни се успешни избори. Прогрес во агендата. Бидејќи постои метологија, но постои и агенда на реформи во политичката агенда како и законот за Обвинителството, изјави францускиот амбасадор Тимоние.

Претходно во октомври откако Македонија не доби затум за преговори Тимоние ја изненади јавноста кога изјави дека Преспанскиот договор можеби е предуслов, но европската агенда е друго прашање и тоа не е доволно. Тоа беше секогаш јасно кај француската страна и тоа беше пренесено кај грчките и македонските соговорници. 

Нема да откријам тајна доколку кажам дека на последните средби на министерот Димитров и вицепремиерот Османи со нивните соговорници во Париз беа отворени и прашањата за судството во Македонија, која е тема е многу важна и има многу предизвици кои што треба да се надминат и подобрат, рече тогаш Тимоние.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести