Ова не е ни прв ни последен пат што се случува во Тетово

Објавил: admin@magazin | 28 јули, 2018 14:35

Жена ранета од огнено оружје во Тетово

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Вчера во 21,50 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово од Клиничкиот центар-Тетово било пријавено дека кај нив била донесена Ф.А. (53) од Тетово со нанесена повреда на левата надлактица од огнено оружје.

Имено истата додека била на свадбена веселба во дворот од куќа на улицата „Полог“ во еден момент се пожалила на болки, по што од еден присутните била пренесена во Клиничкиот центар во Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести