Животната приказна на човекот кој од понижена Русија на почетокотот на 90-те од минатиот век направи да се зборува за неа со шепот и гнев во Вашингтон и Брисел

Објавил: Узунов Бобан | 17 јануари, 2019 10:22

Животната приказна на најмоќниот човек во светот

Фото/Текст извор: ©магазин

Владимир Владимировиќ Путин моментално е најмоќен човек на светот, новиот руски цар, како што сакаат многумина да го наречат, но патот на момче од сиромашно работничко семејство до шеф на Кремљ не бил воопшто лесен ни едноставен.

Претседателот на Русија е роден на 7 октомври 1952 година во Ленинград, денес Санкт Петербург. Неговиот татко Владимир Спиродоновиќ Путин (1911-1999) и мајка Марија Ивановна Шеломова (1911-1998) и двајцата фабрички работници, веќе ги изгубиле своите две деца. Најстариот брат на Путин Алберт, починал уште како бебе, додека вториот Виктор починал од дифтерија во текот на опсадата на Ленинград.

Ја кренале мајка му од мртвите

-Моите родители за чудо ја преживеаа Втората светска војна. Татко ми служеше војска во Севастопол, во подморничките единци. Ми раскажуваше како го раниле Германците, а цел живот го помина со шрапнели во нозе. Кога му дозволија да оди, застана на штаки и појде дома. Кога стигна, виде дека болничарите изнесуваат тела на мртвите од влезот, а меѓу нив и неговата жена. И пришол и му се претсторило дека дише, па им рекол на болничарите дека е жива. Му рекоа дека нема да преживее, но тргна кон нив со штаките и ги натера да ја вратат во станот. Ја крена на нозе таа и живееше до 1998 година-раскажал Путин.

Путин имал тешко детство и татоквото воено искуство го предодредил неговиот животен пат

Таткото на Путин бил крут и тивок човек, дури и лугето кои го познавале понекогаш се чувствувале заплашени од него. Татковото воено искуство оставило голем белег врз синот Владимир. По војната, постариот Владимир продолжил да работи во фабриката Јегоров која градела патнички вагони за државната железница. Како член на Комунистичката партија, Владимир станал партиски претставник на фабриката и се грижел за редот и дисциплината. Работејќи се стекнал со една соба со големина од педесет и четири метри квадратни, во еден разрушен апартман на петтиот спрат во објект кој во деветнаесетиот век функционирал како зграда на улица Басков 12 близу Ленинградската централна авенија. Семејството Путин таму се вселило во 1944. Просторот го делеле со уште две семејства и во истиот останале да живеат уште две децении.

-Не бевме богати. Моите родители живееја од плата до плата и понекогаш позајмуваа пари од други, но имавме телевизор , како и нашите соседи – раскажал рускиот претседател.

Школото, кажувал, не му било важно – бил лош ученик, и толку немирен што не му е дозволено да стане пионир. Меѓутоа, сѐ се променило, кога отишол во кино и го погледнал филмот „Мечот и штитот“, за рускиот шпион кој се инфилтрирал во штабот на СС. Тогаш решил да стане шпион, па се посветил на џудо и учење странски јазици.

Шпионска кариера

Путин завршил право на Лелинградскиот универзитет, каде се зближил со професорот Анатолиј Собчак.
По четири години на факултетот, доаѓа моментот кога му приоѓа некој мистериозен човек за кој подоцна се дознава дека е член на КГБ. Тој и понатаму посакувал да стане шпион, но кога тој момент навистина дошол за него било вистинско изненадување. Човекот никогаш не се претставил кој е и од каде доаѓа. Тие разговарале преку телефон и подоцна се сретнувале во просториите на факултетот. Путин минувал низ различни проверки и испрашувања. Последнит чекор бил разговор со неговиот татко во јануари 1975. Средовечниот управител, Димитриј Ганцеров разговарал и со таткото на Путин кој се изјаснил дека Владимир им е најважен нему и на неговата жена, бидејќи тој е единственото нешто што го имаат по загубата на двата постари сина.

Како агент на КГБ работел во Источна Германија каде одлично го совладал германскиот јазик и менталитет. Токму тоа влијаело да има многу добри односи со германската канцеларка Ангела Меркел која и самата потекнува од Источна Германија

Кога е срушен Берлинскиот ѕид, разбеснетите Германци, околу 5 000 од нив, ја урнале зградата на Штази, па потоа ја опколиле и зградата на КГБ преку патот. Путин и седуммина негови колеги побарале помош од советската армија, но тоа е одбиено, па самиот Путин излегол пред масата и порачал:

-Ова е советска територија и вие сте на граница. Ќе пукам во секој кој премине. Јас сум офицер и имам пиштол со 12 куршуми. Еден оставив за себе, поинаку не можам.

Тоа ги смирило, а неколку дена подоцна е повлечен во Русија. Во време на августовскиот пуч против Михаил Горбачов во 1991 година ја напуштил КГБ со чин полковник. Шпионската кариера веднаш ја сменил со политика, а молњевит успон до Кремљ започнал во администрацијата на некогашниот професор и градоначалник на Ленинград Анатолиј Собчак. Кога неговиот ментор ги изгубил изборите во 1996, Путин преминал во Москва и станал дел од тимот на претседателот Борис Елцин, а веќе во 1998 година се нашол на чело на ФСБ, наследник на некогашен КГБ

Новиот руски цар

Eлцин, Путин го поставил за премиер на Русија на 9 август 1999 година, а на 31 декември и за претседател.

„Две три недели пред Нова година Борис Николаевиќ ме повика во кабинетот и рече дека донел одлука да замине и дека јас морам да ја вршам должноста претседател. Седнав и молчев, а потоа му реков дека тоа е тежок живот и дека не сум сигурен дали сакам таква судбина“. – “И јас имав други планови, но судбината така одреди. Мислам дека и вашата судбина е таква да мора да донесувате одлуки, сигурен сум дека ќе успеете“, му рекол – раскажал Путин.

Неколку месеци подоцна Путин победил на претседателските избори и почнал обнова на земјата – за осум години БДП и куповната моќ скокнаа за 72 отсто, а Русија повторно стекна воена моќ и меѓународен углед. Секако, се тоа имало цена, па Владимир Путин стана дежурна бабарога за Западот, каде го обвинуваат за се – од труење на луѓе по улиците, преку организација на демонстрации во Франција и Германија, до изборите во Америка – пишува српски Курир.

Путин беше на позициите претседател од 2000 до 2008 и повторно од 2012 додека функцијата премиер повторно ја извршувал од 2008 до 2012, кога шефот на Кремљ бил неговиот најблизок соработник Димитриј Медведев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.