-Чесно е, како што донесовме многу реформски закони со консензус, посебно од праводсутвото, безбедноста, јавната администрација, медиумите, борбата приотив корупцијата, можеме и за ова законско решение да донесеме решение. Црвените линии се јасно поставени и верувам дека нема да дозволиме политиката да ги помине. Ако ја испратиме пораката дека пак има влијание врз правдата, политичарите нешто договориле, правдатата и предметите не се осигурани до крај, од тоа нема корист никој, ниту ние, ниту опозицијата. Какви и да им се намерите, се што работиме, мора да го соопштиме пред граѓаните и јавноста, подвлече премиерот Заев.

Објавил: Весна Петровска | 3 септември, 2019 18:17

ЗАЕВ ВЕРУВА ДЕКА ЌЕ СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ:СЈО мора да има иднина, ВЛОЖЕНИ СЕ МНОГУ ПАРИ -пријатели помогнале!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

На денешната прес конференција во Владата премиерот Зоран Заев и новата министерка за финансии Нина Ангеловска го усвоја буџетот на државата.

Вкупните приходи со ребалансот на Буџетот се планирани на ниво од 210,5 милијарди денари, додека вкупните расходи се утврдени на износ од 228, 3 милијарди денари. Во овие рамки на планирање расходи и приходи, дефицитот останува непроменет во однос на планираниот со основниот Буџет, односно истиот е со позициониран износ од 17,7 милијарди денари, односно 2,5 проценти од БДП.

Премиерот покрај прашањата за буџетот, не беше пресконати и прашањата за законот на Јавни обвиители.

Тој изјави дека е оптимист и дека очекува до 15 септември со консензус да биде донесен законот за јавното обвинителство.

Зоран Заев на денешената прес конференција го усвои буџетот на државата, но и одговори на неколку прашања за ЈО

Правдата и предметите на СЈО, рече Заев, мора да бидат осигурани. Во преговорите за законот, црвените линии кои се јасно поставени, не смеат да бидат поминати, а планот „Б“ никојпат не бил спомнат како закана.

– Знаете дека сум оптимист по многу прашања. Се надевам на решение. Не е лесно. Тешко е, се среќавааат работните групи. Но, предметите мора да бидат осигурани. СЈО како институција мора да има иднина, државата вложила пари, странски држави – пријатели помогнале. Верувам дека решението ќе го изнајдеме заедно, во соодветниот период кога е тоа возможно. Планот „Б“ никојпат не сме го спомнале како закана и воопшто не сакаме да го спомнуваме. Но, не дај боже да не осамне 16-ти. Сите ќе прашаме и сега, политичарите не се договорија, што правиме? Ќе мора да се најде решение зашто на први некој ќе треба да потпише таму плата на вработените. СЈО има мандат до 15 септември. Кое ќе биде решението? Тогаш ги гледаме актуелните закони и ќе го бараме решението, истакна Заев на прес-конференција во Владата, одговорајќи на новинарски прашања.

Ако се испрати пораката дека повторно има какво било влијание врз правдата, оцени Заев, тоа нема да биде добро за никој.

-Чесно е, како што донесовме многу реформски закони со консензус, посебно од праводсутвото, безбедноста, јавната администрација, медиумите, борбата приотив корупцијата, можеме и за ова законско решение да донесеме решение. Црвените линии се јасно поставени и верувам дека нема да дозволиме политиката да ги помине. Ако ја испратиме пораката дека пак има влијание врз правдата, политичарите нешто договориле, правдатата и предметите не се осигурани до крај, од тоа нема корист никој, ниту ние, ниту опозицијата. Какви и да им се намерите, се што работиме, мора да го соопштиме пред граѓаните и јавноста, подвлече премиерот Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести