Ова е втора заедничка прослава по потпишувањето на Договорот за пријателство со Бугарија

Објавил: admin@magazin | 3 август, 2018 9:09

Заев во Благоевград се поклони пред “бугаринот” Гоце Делчев

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Македонскиот премиер Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Благоевград заедно ја одбележаа 115-годишнината од Илинденското востание.

Двајцата премиери учествуваа на церемонијата на положување венци и цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, на плоштадот „Македонија“ во Благоевград.

Ова е втора заедничка прослава по потпишувањето на Договорот за пријателство, соработка и соседство меѓу Република Бугарија и Република Македонија пред една година.

На одбележувањето на годишнината присуствуваа и министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, како и вицепремиерот и министер за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.