„Глобал“ е еден од симболите на модерна Струмица, во него струмичките семејства ја обезбедуваат егзистенцијата, но таму живее и пазарот, таму е струмичкиот дух.

Објавил: Перо Милчин | 3 јануари, 2021 15:57

ЗАЕВ: Во “Глобал” живее струмичкиот дух, тој е еден од симболите на модерна Струмица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со голема вознемиреност ја примив веста за пожарот кој го зафати трговскиот центар „Глобал“ во мојата родна Струмица. И покрај сериозноста на материјалната штета, за среќа нема повредени и изгубени човечки животи, изјави премиерот Заев при посетата на градскиот трговски центар “Глобал” кој синоќа го зафати катастрофален пожар!

Пожарникари не само од Струмица, туку и од околните градови, покажаа солидарност на дело и неуморно се бореа со пожарот.

Изразувам длабока благодарност за нивната професионалност во справувањето со пожарот и оддавам длабок наклон за пожртвуваноста која ја покажаа до раните утрински часови, без откажување и без колебање сѐ до гасење на последниот пламен јазик, рече Заев!

Премиерот Заев при посетата на ТГЦ “Глобал” во Струмица!

„Глобал“ е еден од симболите на модерна Струмица, во него струмичките семејства ја обезбедуваат егзистенцијата, но таму живее и пазарот, таму е струмичкиот дух.

Затоа силно верувам во заедницата и во добронамерните сограѓани дека ќе покажат солидарност и помош. Тешки се овие моменти за многу семјества, но знам дека заедно, сплотени ќе го надминеме и ова.

Од утре, акција, рече премиерот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.