четврток, 2 мај 2024

MK/ EN/ DE



Не е јасно дали претходно на премиерот Заев, некој од Европскиот парламент му соопшти дека Македонија, за влез во Европска Унија, може да надева за најмалку 40 години од денес

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 септември, 2018 12:42

Заев во ЕП: Ќе бидеме Република Северна Македонија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, денеска, на македонски јазик се обрати пред пратениците во Европскиот Парламент.

Граѓаните знаат каква одлука да донесат. Тоа не е лесна одлука. Ќе бидеме Република Северна Македонија, но со признаен македонски народ и признаен македонски јазик, изјави премиерот.

Во совето обраќање тој ја нагласи посветеноста на Македонија кон зачленување во Унијата и нагласи дека условите кои се поставуваат за влез, се приоритет на државата.

Премиерот истакна и дека Договорот од Преспа е модел за тоа како треба да се решаваат конфликтите.

За нас Европа значи да живееме во модерно, рамноправно и отворено општество, со јасни демократски стандарди, во кое живее правото, во кое живее солидарноста, во кое функционираат подобри судови и во кое правдата е еднаква за сите, рече Заев.

По неговиот говор следуваа овации од страна на европратениците.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.