Заев ги отфрли предлог амандманите на Беса и Алијанса за Албанците, со што изгуби пет пратенички гласови за устани измени, но најави дека очекува поддршка од ВМРО - ДПМНЕ

Објавил: Мартин Попоски | 30 октомври, 2018 12:21

Заев ги отфрли амандманите на албанската опозиција

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на Владата на Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев денес ги отфрли поднесените амндмани (осум) од страна на Беса и Алијанса за Албанците.

Премиерот Заев изрази негативен став на барањата од албанската опозиција за дополнителни уставни измени, посочувајќи дека во Македонија нема потреба уште повеќе да се отвора Пандорината кутија.

За изјавата на Бујар Османи дека Охридскиот договор треба да биде вклучен во преамбулата на Уставот, Заев посочи дека тоа било затворено во 2001 година.

Заев додаде дека не очекува блокирање на процесите во Собранието, особено не од ВМРО – ДПМНЕ.

Претходно и Беса на Касами и Алијанса за Албанците на Зијадин Села кои имаат пет пратеници најавија дека имаат вкупно осум ( по четири од партија ) амандмани за кои инсистираат да се дел од владиниот пакет кој треба да биде доставен до Собранието до сабота за разгледување по комисии и гласање.

Беса индиретно а Алијанса за Албанците фронтално најавија дека ако не се имплементираат нивните барања за уставни измени нивните пратеници нема да ги гласаат уставните измени во финалната фаза.

По денешните најави за одметнување од ВМРО – ДПМНЕ на Рангелова и Данев, сосема е јасно дека началникот ќе ги обезбеди и последните ветени и најавени шест пратеници за уставни измени кон Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.