Прво тврдеше дека е киднапиран, потоа најави брза истрага за бегството на Груевски, а сега тврди дека Мицкоски е можниот кривец за пропустот на МВР!?

Објавил: Данаил Михајловски | 25 декември, 2018 22:14

Заев го обвини Мицкоски за бегството на Груевски!

Фото/Текст извор: ©магазин

Во своето гостување на дебатата на Вести24, премиерот Заев повторно со шокантна изјава: “имплицирам дека Мицкоски е вмешан во бегството на Груевски; претходно токму тој се сретна со Вучиќ и со Орбан, а не извести за што разговарале, а потоа се случи бегството“!

Заев кажа дека врз основа на сите информации до кои тој има пристап преку МВР, има основа да се сомнева во вмешаноста на Мицкоски во скандалот со бегството на Груевски. Истовремено, Заев подвлече дека овој сомнеж и прашање го упатува јавно кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, бидејќи немал друга шанса како да го праша за вмешаноста.

Премиерот Зоран Заев денес гостуваше на Вести24. Тој изрече тешки обвинувања на сметка на Мицкоски. Наводно лидерот на ВМРО ДПНЕ Мицкоски бил претходно во Белград и Будимпешта и според неговата логика морал да го договара бегството.

Инаку забележливо беше дека новинарите му поставуваа незгодни прашања токму за аферата со бегството на Груевски, а прстот на одговорноста го посочуваа во министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Заев со многу емоции одговараше и се правдаше дека Спасовски е невин за бегството на Груевски, дека МВР превзело се во рамките на можното, дека министерот имал најдобри политички намери и цели. Но, често и се заплеткуваше во одговорите, па во еден момент тврдеше дека додека Груевски одел на судењата, бил слободен човек кој МВР не смее да го следи и прислушкува, за само некоја минута потоа да каже дека Груевски бил 11 години премиер и дека очекувано е тој да имал мрежа на свои луѓе кои би му помогнале да избега.

Иако после бегството на Груевски, токму Заев најави брза истрага, извештај и одговорност, јавноста е сведок дека нема ништо од тоа. Ниту некој ја превзел одговорноста за бегството на поранешниот премиер, ниту Заев го претставил извештајот од истрагата која предолго е во тек. Но, мнозинството граѓани се убедени дека власта знаела, и дека министерот за внатрешни работи знаел, за планираното бегство на Груевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.