Премиерот на Заев со откажувањето на учеството на Форумот во Белград, дава јасен сигнал дека се поизведно е дека Собранието утре ќе пристапи гласање на уставните измени

Објавил: Мирко Бачиќ | 18 октомври, 2018 6:18

Заев го откажа учеството на Форумот во Белград

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Премиерот Зоран Заев, иако беше најавен како говорник на последниот панел од Белградскиот безбедносен форум, заедно со српската премиерка, Ана Брнабиќ, сепак, нема да присуствува.

Организаторите на настанот потврдија дека премиерот во последен момент го откажал учевството на сесијата в петок.

Од Владата велат дека причината за откажаното учество на Форумот е актуелната политичка состојба во државата.

Во агендата на ПВРМ беше предвидено негово учество на финалниот панел на безбедносниот самит во Белград, но премиерот Заев го откажа учеството поради актуелната политичка состојба во земјата, односно важноста на постапката за почнување на уставните промени во Собранието на РМ. – велат од Владата.

Самитот во Белград се одржува осма година по ред. Годинава почна на 17 октомври и ќе трае 3 дена.

Денес е предвидено да говорат српскиот претседател, Александар Вучиќ, и австрискиот претседател, а во петок српската премиерка, Брнабиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.