Заев за бомбите на Ел Чека

Објавил: Узунов Бобан | 17 јули, 2019 13:44

Заев: Дајте ми број од тој Ел Чека да му се јавам да го прашам зошто објавува бомби само за Али Ахмети ! !

Фото/Текст извор: ©магазин

Не знам зошто Ел Чека објавува разговори само за Али Ахмети, дајте ми телефон ќе му се јавам и ќе го прашам, рече на денешната прес-коференција премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање.

Ако имате некој телефон дајте ми од тој, како се вика, Ел Чека да му се јавам да го прашам: -Чекај бе пријател зошто ти објавуваш за Ахмети, а не објавуваш и за мене? Еве јавно нека објави и за мене, апсолутно сум транспарентен човек и сериозноста треба да биде овде. Еве пак ви кажувам нека објавува за секој што мисли дека треба да објавува, и треба да знае дека има одговорност, дека постои закон и кривично се одговара за тоа. Приватноста да е заштитена а овој човек не води грижа за таа работа, треба да одговора и кога тогаш ќе одговара. Светот е глобално село и ќе одговара, дали треба да го мотивирам и за мене да објави?

Ќе одговара, кога-тогаш ќе одговара. Така да ако има нека објавува сега. Еве дирекно од премиерот му е, ќе одговара”, му порача Заев на Ел Чека.

Лидерот на ДУИ, зборувајќи вчера на партиски настан во Сарај, праша зошто не се објавуваат приватни разговори за членови на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, туку само за членови на ДУИ.

Во кичевскиот суд се води процес против Ел Чека за Неовластено прислушкување и тонско снимање, но тој живее во Чикаго и е недостапен за судот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.