четврток, 2 мај 2024

MK/ EN/ DE



Во текот на денделава премиерот Зоран Заев ги разреши сите 78 претседатели на општинските организации, се очекува дека денеска ќе направи промена и во министерските позиции.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 мај, 2019 11:25

Заев денес ќе „удри“ метла на пет министри од владата?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во текот на денешниот ден ќе се одржи седница на Централниот одбор на СДСМ  на која ќе расправа, но и ќе се донесе одлука за промени на дел од партиските кадри, но и на оние во извршната власт.

Премиерот Зоран Заев најави реконструкција на владата на почетокот на месец јуни

Во текот на денделава премиерот Зоран Заев ги разреши сите 78 претседатели на општинските организации, се очекува дека денеска ќе направи промена и во министерските позиции.

Премиерот најави промена на структурите на СДСМ, за почетокот на јуни и најави смени на дел од министрите. Исто така беше најавена и промена на замениците, смени на функционери во јавните претпријатија и институции.

Според неофицијални извори, било решено да бидат сменети пет или шест министри. 

Премиерот овие денови оствари средба со коалицискиот партнер, односно со лидерот на ДУИ Али Ахмети,каде наводно се разговарало за реконструкција на Владата,  а за следната недела најави нивна нова средба.

-Целта на овие иницијативи е обезбедување кадровски решенија за зајакнување на капацитетите на институциите, во насока на исполнување подобри резултати на економски план и исполнување на очекувањата на граѓаните, соопштија од Владата.

Али Ахмети за медиумите изјави дека остануваат на барањето за проверка на пратениците и функционерите кои вршат јавна дејност и дека барал совети за примена на ветингот, со што ќе се спречат нападите кон функционерите и ширењето лажни вести.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.