Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, појасни дека Заев има една цел, промена на името, дека ако успее референдумот, тие ќе ја почитуваат волјата на граѓаните и дека Договорот е штетен

Објавил: Мартин Попоски | 20 септември, 2018 8:04

Заев има еден план, ново име за Македонија!

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, синоќа беше гостин во емисијата „Клик плус“ на 21 ТВ.

Запрашан од Лирим Дулови, за плановите на ВМРО -Д ПМНЕ, одговори дека неговиот план сигурно не би бил ваков туку би бил многу подобар.

Често пати ме прашуваат план А, план Б, ова не е планот А на Христијан Мицкоски, не бил планот А на претходникот на Христијан Мицкоски, ниту на Бранко Црвенковски, ниту на Љубчо Георгиевски, ниту ни Киро Глигоров.

Ова е планот А на Зоран Заев, него треба да го прашате дали има план Б. Ако бев јас тој кој што ќе го градеше планот А, вака немаше да го изградам сигурно, ќе направев многу подобар договор. – изјави Мицкоски.

Ако референдумот биде успешен и мнозинството гласа во насока на поддршка на референдумското прашање, ситуацијата е јасна и ВМРО – ДПМНЕ тоа ќе го почитува, рече синоќа претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

Ако референдумот е успешен и ако мнозинството граѓани се изјаснат „за“ дека го поддржуваат сето ова, тогаш ситуацијата е јасна, односно, ако бидат исполнети двата услова, првиот да има цензус и мнозинството да гласа во насока на поддршка на референдумското прашање, ситуацијата е јасна.

Партијата ќе донесе свој став, но во таков случај и за нас и за целата македонска политичка јавност е јасно дека референдумот ќе биде успешен ако бидат исполенти овие два услова и тука нема дилема. – рече Мицкоски прашан дали ако референдумот биде успешен ќе им каже на пратениците од партијата да ги поддржат уставните измени за кои е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.

Во врска со ставот на ВМРО – ДПМНЕ дека нема да дозволи промена на уставното име, Мицкоски рече дека партијата се уште го застапува тој став, но ако има успешен референдумски процес и мнозинството граѓани се изјаснат во насока на поддршка на Договорот во кој е предвидено, меѓу другото и тоа, ќе ја почитува таквата одлука.

Во однос на референдумот го повтори партискиот став дека секој треба самостојно да одлучи.

Мицкоски рече дека ВМРО – ДПМНЕ е за интеграција во ЕУ и НАТО, но е против Договорот за името со Грција.

Прашан зошто тогаш не повикал граѓаните да излезат на референдум и да гласаат против, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ рече дека тоа би го направил ако прашањето се однесуваше само на Договорот. Сегашното референдумско прашање, според него е манипулативно.

Ставот на ВМРО – ДПМНЕ во минатото, но и сега е искрен, чесен и принципиелен и вели дека секогаш кога има решение, кога има договор ние треба да одиме на референдумско изјаснување на граѓаните. Но, неприродно, неетички, манипулативно успеавме два атрибути да споиме, а тоа е Европската Унија и НАТО да ги поврземе со темата договор. – вели Христијан Мицкоски.

Тој забележува дека ставот на партијата ги обединува сите кои ќе се одлучат да гласаат против или ќе се одлучат да апстинираат на референдумот на 30-ти септември, бидејќи не се согласуваат со Договорот од Преспа.

Ако ставот на високите претставници на меѓународната заедница е дека имаме референдум и дека врз основа на тој референдум граѓаните треба да одлучат како ќе постапат, односно да гласаат еве тие уште по идат определено, ги насочуваат постапките и активностите на граѓаните велат како ќе гласаат, без разлика дали ќе гласаат за или против, битно е велат да го искористат правото граѓаните. Ние велиме нашиот став е како ќе постапат кој што ги обединуваме сите граѓани во Република Македонија вклучително и овие.

Така што вака математички да се изразам, ова претставува подмножество на нашиот став. Односно сето ова што е кажано од страна на високите претставници на меѓународната заедница е подмножество на нашето множество, а нашето множество е широко и ги опфаќа сите оние граѓаните во Република Македонија кои што на овој референдум ќе имаат било каква активност. Таа активност може да биде на начин на кој што ќе одлучат да апстинираат или на начин на кој што ќе одлучат да излезат и да гласаат. Дали тоа ќе гласаат за или против сеедно е нашиот став. – посочува Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.