Нашата одговорност и посветеност не запира тука

Објавил: admin@magazin | 30 април, 2019 10:16

Заев: Им благодарам на Германија и Франција што го препознаа подвизите што ги презедовме

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Им благодарам на нашите пријатели од Германија и Франција што ги препознаваат и посочуваат подвизите кои ги презедовме како врвен придонес кон балканската и европската стабилност, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев, по неформалниот самит на Германија и Франција со западнобалканските држави во Берлин.

Заев на средби во Берлин со Меркел и Макрон

Нашата одговорност и посветеност не запира тука бидејќи европската идеја за сојузништво на диверзитетот бара постојана грижа за себе и за другиот, напиша Заев на Фејсбук.

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон влера ја пофалија „Северна“ Македонија и Владата за напорите да се реши догогодишниот спор за името со Грција.

Видовме храбри чекори за спорот за името на „Северна“ Македонија, ова е доказ дека е можно да се најде решение за долгогодишни спорови, рече Меркел.

Макрон рече дека со Преспанскиот договор се доказ дека може да се решат спорови кои се чинеле нерешливи кога има посветеност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.