Ако не успее Рефередумот ќе се обиде да “обезбеди” 2/3 мнозинство за поддршка во парламентот

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 јули, 2018 7:05

Заев и со план “Б” ако не успее Референдумот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот и претседател на СДСМ игра на картата имплементирање на Одлуките од Договорот со Грција по секоја политичка цена со што Референдумот не е неговата единствена опиција за успех. Заев најави дека со се поизвесниот бојкот од страна на ВМРО – ДПМНЕ тешко дека ќе се достигне цензусот за излезеност на електоратот но го откри и својот план “Б”.

Отворени сме за расправа дали референдумот да биде консултативен или обврзувачки. На крајот одлуката е задолжителна. Теоретски можат да излезат еден милион гласачи – 600 илјади да гласаат за – 400 илјади да гласаат против. Тогаш политичарите сите ја спроведуваат одлуката – гласаат во Собрание и постигнуваме консензус.

Ако излезат милион гласачи – 600 илјади гласаат против а 400 илјади гласаат за – тогаш не важи Договорот со Грција. Но ако излезат 800 илјади гласачи – 600 илјади се за а 200 илјади се против – тогаш граѓаните не донеле одлука. Ако нема исполнет цензус – нема одлука – така е по уставот. Тогаш институциите треба да одлучат да гласаат за или против уставни промени. – истакна Заев

Ова е изјава која е продолжение на онаа дека на голема врата се работи за обезбедување на 2/3 мнозинство или потребата од уште 7 до 9 пратеници кои би ги гласале Уставните измени.

Неофицијално од партиски информации кои не се негираат ни потврдуваат на пратеници на ВМРО – ДПМНЕ веќе им се нуделе и шестоцифрени суми со цел поддршка во парламентот при носење на измени во Уставот во случај Референдумот да пропадне. Во јавноста за ова не се говори но се потенцира дека ако има такви нечесни понуди тие се можни кај грижливо одредени пратеници каде со политички притисок и закани може да се влијае.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.