Овие принципи во целост ќе го следат патот кој го исцртавме со членството во НАТО, а тоа е патот определен низ Договорот од Преспа со Грција, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Охридскиот рамковен договор, тврдеше Заев!

Објавил: Владо Марин | 19 август, 2020 7:22

ЗАЕВ: Коалицијата со ДУИ е европскиот пат, патот на економијата, правдата и еднаквоста

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Постигнавме коалициски договор со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, за создавање парламентарно мнозинство и Влада со полн мандат која ќе ја предводам јас како нејзин премиер, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вчерашната средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети!

Овие принципи во целост ќе го следат патот кој го исцртавме со членството во НАТО, а тоа е патот определен низ Договорот од Преспа со Грција, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Охридскиот рамковен договор, тврдеше Заев!

Постигнавме коалициски договор со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, за создавање парламентарно мнозинство и Влада со полн мандат која ќе ја предводам јас како нејзин премиер, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вчерашната средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети!

Тоа е европскиот пат, патот на економијата, правдата и еднаквоста.

Јас сум особено горд што овој договор го постигнуваме на самиот почеток на истекот на 20-те уставно гарантирани денови кои јас ги имам на располагање како мандатар. Брзиот напредок во преговорите и брзиот суштински договор ни беа особено важни заради потребата од брзо ставање во целосна функција на клучните институции во државата, а со цел справување со здравствените и економските предизвици поврзани со Ковид-19.

Заев претстави дел од принципите на кои се темели новиот коалициски договор за Влада која ќе ја предводи тој како нејзин премиер во полн, четиригодишен мандат:

. Квалитетни, одговорни и отчетни кадри ќе бидат предложени за сите ресори од двете страни, кадри кои се подготвени во целост да ги испорачаат програмските определби и принципи од овој коалициски договор, потенцираше Заев!

. Кадровската понуда ќе се води од принципите за еднакво општество за сите, како и од силната волја за рамноправно учество на мажите и жените во извршната власт

· Во Владата нема да се предлагаат министри без ресор, со исклучок на вицепремиерските места!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести