Таа е во раце на граѓаните и тоа е добро, граѓаните

Објавил: admin@magazin | 26 јуни, 2018 10:20

Заев повторно со маинпулација „Мојата политичка иднина е доведена во прашање„

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на телевизија 1ТВ рече дека тој е свесен дека неговата политичка иднина е доведена во прашање со договорот со Грција, но дека тој не сакал да калкулира со цел да си ја зачува својата политичка кариера.

-Мојата политичка иднина е доведена во прашање комплетно. Сега таа е во раце на граѓаните и тоа е добро, граѓаните да одлучуваат за иднината на политичарите. Ама јас и ја обезбедив светлата иднина на Македонија со правна држава, силна економија и држава во која ќе има ред, рече Заев.

За оваа информација да биде објективна и секој читател да може објективно да заклучи за што се работи:

Зоран Заев пред само 12 месеци изјави дека „Менувањето на името е само во главата на Груевски„ Пред само три месеци изјави „ додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух, нема да дозволам да се промени уставното име„

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.