- Апсолутно не видов никаква причина да прифатам оставка од Рашковски, кој двапати дојде и ми рече „не ја разбирам политиката, јас доаѓам од Универзитет, не сум бил политички на раководни функции, ако е политички исправно јас сум подготвен да заминам“, откри Заев денеска во Собранието.

Објавил: Весна Петровска | 25 јули, 2019 18:31

ЗАЕВ НЕ ДОЗВОЛИЛ РАШКОВСКИ ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Јас не ја разбирам политиката, се пожалил генералниот секретар

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Денеска во Собранието имаше пратенички прашања на кои одговараше премиерот Зоран Заев. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затурска праша зошто не побарал премиерот одговорност од Рашковски по скандалот со објавените видеа.

– Апсолутно не видов никаква причина да прифатам оставка од Рашковски, кој двапати дојде и ми рече „не ја разбирам политиката, јас доаѓам од Универзитет, не сум бил политички на раководни функции, ако е политички исправно јас сум подготвен да заминам“, откри Заев денеска во Собранието.

Пратенички прашања денеска во Собранието

– Набавката на радарската опрема во МНАВ, комплетно со одлука за избор на јавна набавка, е завршена во 2016 година. Владата и генералниот секретар се во канцеларијата на Владата од 1 јуни 2017 година. Јавната набавка е завршена тогаш, од директор, кој е татко на поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски. Разговорот се водел со цел да се убедат директорите на МНАВ да потпишат договори и да одат во имплементација. Но знаејќи дека бандитска власт била претходно и не е така лесно, но влегле во имплементација и затоа се закажани состаноците. Јас имам одржано состанок со МНАВ на ова прашање зборувајќи „ајде луѓе треба да се реализира, имате пари, кредитна линија, Европска банка за обнова и развој беше консултант во целата постапка и треба да се реализира. Апсолутно не може да се каже дека некој барал провизија прво на затворено, а второ на осум луѓе кои седат на состанок. – истакна премиерот.

Исто така Заев нагласи дека се спроведува истрага и во Антикорупциска и во Обвинителство за евентуална злоупотреба, но оти постои и истрага за неовластено снимање и пуштање во промет на снимки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.