Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ е народна партија која никогаш не дозволи да наштети на државата и на народот како што Власта на Заев тоа немилосрдно го напрви. Тој исто така потенцираше дека Зоран Заев постојано го лаже народот дека ќе добиме датум за преговори за ЕУ, што ВМРО -ДПМНЕ никогаш тоа не го направи туку бараше начин како да се стигне до преговри без да се допре до државниот имот и по идентитетот на македонскиот народ. 

Објавил: Весна Петровска | 21 јуни, 2019 0:19

ЗАЕВ НЕ ОДНЕСЕ ВО ЌОР СОКАК – не сме ни во чекалницата на Европската Унија

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Христијан  Мицкоски вечерва гостуваше во телевизијата Клан каде зборуваше за моменталната ситуација во земјава.

Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ е народна партија која никогаш не дозволи да наштети на државата и на народот како што Власта на Заев тоа немилосрдно го напрви. Тој исто така потенцираше дека Зоран Заев постојано го лаже народот дека ќе добиме датум за преговори за ЕУ, што ВМРО -ДПМНЕ никогаш тоа не го направи туку бараше начин како да се стигне до преговри без да се допре до државниот имот и по идентитетот на македонскиот народ.

Исто така Мицкоски изјави дека Заев постигнал договор за да стане  премиер из да не заврши во затвор поради случајот Поткуп.

-Начинот на кој што тој договор се случи, начинот на кој што се водеа преговорите, начинот на кој што се создаде тој договор, неговата содржина е поразувачка за Република Македонија и за Македонците. И за тоа немам никаква дилема. И јас сега можам да ви дадам многу различни примери. Како би реагирале Албанците во Албанија ако се смени името на државата? Како би реагирале и ако им речат не сте вие веќе Албанци? Како ќе реагираат? Еве јас ќе ви кажам. Многу лошо. Многу лошо ќе реагираат, така што тоа што се случи е комплетно анационален потег, одземено е националното достоинство, уништена е националната гордост и направени се отстапки кои што никој претходно ни одблиску не се осудил да го направи тоа што го направи Зоран Заев. И тоа го направи ради две работи. Првата е да биде премиер за да може да се спаси од сигурен затвор, поради случајот поткуп кога како градоначалник на Струмица бараше поткуп. И втората работа е, да може да го смени Законот за јавни набавки и да може да врват тендерите во четири очи. Тоа се двете работи, вели Мицкоски.

Сппоред Мицкоски Зоран Заев ја посрамоти државата и сега Македонија не е ниту во чекалницата на Европската Унија бидејќи нема вредности и нема реформи.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.