Бујар Османи не е само (осомничен) вицепремиер за евроинтеграции, тој е и еден од тројцата предлагачи на уставните измени во името на Владата, заедно со Заев и Димитров

Објавил: Мартин Попоски | 14 октомври, 2018 6:43

Заев пак го смени ставот, сега и осомничени се добредојдени во Влада

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на Влада на Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев, веќе традиционално го смени сопствениот став и сега не му смета осомничени лица да се министри во неговиот владин кабинет.

Секако ќе пуштам писмо до СЈО дали за мене или за мојот владин кабинет има отворено истраги или некој е кривично гонет, или слично, дали има обвинителен акт или слично, и тоа е независната правна институција којашто постои во Македонија. Се во тој момент и се во иднина што ќе се покаже дека некој е осомничен под истрага има обвинителен акт или слично, нема да биде составен дел на новата влада.

Вака зборуваше македонскиот премиер Зоран Заев од 28-ми до 31-ви  мај минатата година, кој најави дека пред да ја формира владата ќе побара писмено известување од Специјалното јавно обвинителство дека никој од неговиот кабинет ниту е осомничен, ниту е под истрага на СЈО.

Заев тогаш рече и дека ако во иднина се покаже дека некој е осомничен и е под истрага, нема да биде дел од неговата влада за што доби и писмена гаранција од СЈО.

Но, како стојат работите денеска? Пред само три дена Специјалното јавно обвинителство ја информираше јавноста дека се отворени шест нови истраги во кои станува збор за основано сомнение за предизвикана финансиска штета на државниот буџет во износ од речиси 80 милиони евра, и во кои истраги е опфатен и потпретседателот на Владата и актуелен вицепремиер за евроинтеграции Бујар Османи.

Во ТВ емисија Катица Јанева ја потврди оваа информација.

Иако неколкупати најавуваше отстранување на сите кои ќе бидат осомничени односно под истрага на обвинителствата, ден по објавувањето на новите случаи на СЈО во кои е осомничен вицепремиерот Бујар Османи, премиерот повторно го смени ставот и се предомисли.

Сега, не е доволно како што велеше Заев некој да биде осомничен под истрага, туку за нешто тој да преземе, морало да има правосилна пресуда против член на неговата влада.

Инаку, вицепремиерот Бујар Османи ги води преговорите на Македонија за членство во Европската Унија, a воедно е и еден од предлагачите на уставните амандмани со кои се предлага промена на Уставот на Република Македонија.

Па така, прашањето дали премиерот заборавил кој бил неговиот став минатата година, или пак околностите се променети, за сега останува дилема.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.