Премиерот Заев потврди дека знаеле за гласини дека некој може да бега, но смета дека не можеле да преземат дејствија против лица кои се слободни и кои немаат упатен акт за затвор

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 ноември, 2018 13:41

Заев потврди дека знаел за планот за бегство

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Премиерот на Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев, денес потврди дека знаел за можен план за бегство, но дека не можеле да преземат ништо, префрлувајќи ја вината кај граничната полиција.

Имено премиерот Зоран Заев изјави дека постоеле гласини дека некој може да бега, но власта не можела да презеде дејствија за некој кој се уште е слободен човек и кој нема упатен акт за затвор.

Без да го спомне името на Никола Груевски, Заев откри дека Владата а со тоа и министерот Спасовски знаеле за можниот план.

На новинарско прашање кој ќе ја сноси одговорноста за бегството на Груевски, тој вели дека ако граничната полиција направила пропусти, ќе има последици.

Апсолутно секој процес го водиме транспарентно и нема ништо тајно и заткулисно. Пропусти нема направено ниту една институција единствено ако граничната полиција направила пропусти. Веднаш дадовме налог да се истражи секоја постапка и се ке биде јавно објавено. – рече премиерот.

Не е јасно како извршната власт со која владее Заев и парламентарното мнозинство кое го застапува во законодавниот дом останале глуви на гласините дека Никола Груевски планира бегство, по што министерот Спасовски му дозволил четири дена да го реализира. 

Заев воедно не одговори како денес при ист случај е одредена мерка притвор за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски кои според информации на УБК исто така планирале бегство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.