Заев во очај бара поддршка од Мицкоски и ВМРО - ДПМНЕ и призна дека референдумот намерно не бил задолжителен и дека сами со Димитров си пишувале уставни амандмани

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 октомври, 2018 7:55

Заев призна дека нема 80 пратеници за уставни измени

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Од вториот ден на расправата најкоментирана беше репликата на Премиерот Заев кој истакна дека е свесен дека во парламентот нема поддршка од 80 пратеници и дека поради таа причина водел инклузивен процес.

За референдумот премиерот рече дека опозицијата не си го кажала својот став и затоа се одлучиле да биде консултативен.

Да беше опозицијата јавно макар и против, ние ќе одевме на задолжителен референдум. Во вакви околности некои одлучиле да гласаат за, некои против, а некои да не гласаат. – рече Заев.

Тој посочи дека го критикуваат зошто е толерантен спрема опозицијата и додаде, на критичарите им велам консензус ќе ни треба, важни прашања се решаваат.

Свесен сум дека немам 80 пратеници. Направив се што можев да направам за да имаме инклузивен процес. Денеска носиме одлука да дадеме шанса да се отвори постапката, а на крајот не мора да ги гласаме уставните измени ако нешто е загрозувачки и тајно. Кој ни дал право јас и Димитров да изготвиме амандмани. Ние не смееме да чепнеме додека Парламентот не одобри, оти тогаш ќе ја силуваме демократијата и процедурата во државата. Ветувам дека заедно ќе ги работиме со сите вас. Ако не се договориме имате право да не ги гласате. – потенцира Заев.

Иако за расправа на пленарната седница беа пријавени околу 70 пратеници во текот на вчерашниот ден пратениците од ВМРО – ДПМНЕ се откажаа од дискусија во знак на револт бидејќи Талат Џафери не дозволи од парламентот да се обрати лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Со оглед на тоа што повеќе од 30-тина пратеници дискутираа овие два дена и имајќи во предвид дека останатите пратеници од ВМРО – ДПМНЕ нема да дискутираат и ќе се повлечат, бројот на говорници се намалува па може да се очекува во текот на денешниот ден или евентуално утрешниот ден да се одлучува со гласање по предлогот за отварање на процедурата за започнување со уставните измени, за кое е потребно двотретинско мнозинство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.