Директорката на Хелсиншкиот комитет, Пировска воедно беше и активен учесник во т.н. Шарена револуција, кога во фокусот на своето делување ја имаа оставката на Груевски

Објавил: Мартин Попоски | 27 ноември, 2018 10:16

Заев разочара, Спасовски треба да поднесе оставка

Фото/Текст извор: ©prizma.mk

По партиските идеолози, Фрчкоски и Исмаил, партиските пера Орданоски и Героски и поранешниот прв “соросовец” Милчин и невладините организации, кои важеа за блиски до политиките на Заев бараат негова одговорност.

Имено од извори од СДСМ, висок функционер брифира дека политичката хајка за “отстрел” на актуелниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев влегува во завршна фаза.

По неговата катастрофална изјава дека виновни за пребегот на поранешниот премиер Никола Груевски се четирите соседни земји, но и немањето на јасни показатели кој освен министерот Спасовски е виновен што дозволил пратеникот да пребега, се активира и невладиниот сектор, кој смета дека целиот процес бил договорен.

Имено директорката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска со констатација дека требаше да има оставки поради бегството на Никола Груевски, а првата требаше да дојде од министерот за внатрешни.

Не се работи за несмасност на институциите, ниту, пак, за незнаење, вели во интервјуто за БИРН Уранија Пировска, директорка на македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права, мислам дека се работи за договор!

Пировска како граѓанка, правничка и пред се како активистка за човекови права, долго се бореше против авторитарното владеење на Груевски. Директно учествуваше во Шарената револуција и по скопските улици заедно со останатите ја извикуваше паролата „Нема правда, нема мир“.

Нејзините анализи водат кон заклучоци што во најмала рака се загрижувачки.

Таа потсетува дека целиот отпор против власта на ВМРО – ДПМНЕ почна зашто граѓаните чувствуваа правна несигурност, а од друга страна беа сведоци скоро три декади политичарите поминуваат неказнето за делата што ги сториле.

Останува фактот дека до сега во Македонија ниту еден политичар од највисок ранг не одговарал за своите дела.“ – вели Пировска/

Примерот со Груевски, вели Пировска, е најсимптоматичен во тој поглед, бидејќи експремиерот веќе е осуден, а уште посериозни му се другите дела за кои е обвинет.

Со овој случај власта ја изгуби шансата да им покаже на граѓаните дека навистина сака да направи промени, кога станува збор за неказнивоста.“ – изјави таа.

Пировска останува на јасниот став дека договор имало.

„Не може да се работи за несмасност и не може да се работи за незнаење. Мислам дека се работи за договор и дека изјавата на Заев по однос на помирувањето беше вовед во сето она што понатаму се случуваше.“ – смета Пировска.

За неа несериозни се изјавите на премиерот Зоран Заев поврзани со бегството.

Како премиерот да не разбира доволно дека токму справувањето со феноменот на неказнивост е клучен за воспоставување правна држава“, вели Пировска и потсетува дека Заев „анблок“ го амнестираше од одговорност министерот Оливер Спасовски иако „Апсолутно има пропусти од страна на МВР“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести