Стефан Чернетиќ до сега измамил многумина, но ова е прв пат да измами и премиер на Македонија, држава за која тврди дека и е принц и престолонаследник

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 септември, 2018 15:57

Заев со “фалш” орден од лажен принц на Македонија и Црна Гора

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Премиерот Зоран Заев наседна на измамите на лажниот принц кого италијанската полиција минатата година го уапси за лажно претставување како принц на Црна Гора и Македонија, а негови “жртви” биле и познати личности од целиот свет.

57-годишниот Стефан Чернетиќ на Заев му подарил и орден, а премиерот го дочекал заедно со неговиот син и сопругата во зградата на Владата на Република Македонија.

По “одликувањето” на македонскиот премиер Зоран Заев, измамникот за кого пишуваше и британски “Дејли Меил” постирал фотографии од “церемонијата” на неговиот ФБ профил.

“Принцот” на Црна Гора и Македонија во Владата на Република Македонија, придружуван од сопругата и синот, го одликува со орден премиерот на Република Македонија.

Во истиот период Чернетиќ го кршетвал и синот, а на свечената церем онија бил и македонскиот архиепископ г.г Стефан.

Минатата година покрај Чернетиќ беше е уапсено и лицето С.С. со италијанско државјанство, кој се претставувал како амбасадор на Македонија во Италија и двајцата организирале хуманитарни и гала настани, посредувале за остварување бизнис и културни врски и давале лажни титули и признанија.

Чернетиќ често патувал во Монте Карло каде се претставувал како принц за да се “пикне” во високото друштво и да се фотографира со Алберт, принцот од Монако, но и со Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена, убедувајќи ги сите дека е дојден за да ги зацврсти дипломатските односи меѓу земјите и да ја прошири нивната соработка.

Чернетиќ на една од интернет страниците за лажно претставување отворени за поткрепа на неговиот лажен идентитет го објавил “семејното дрво” според кое тој е син на грофицата Снежана Аврамовиќ и кнезот Онорато Чернетиќ, односно Црнојевиќ, потомци на славната црногорска лоза, што според “податоците” на страницата влечат корени уште од времето на Гај Јулие Цезар.

“Принцот” го излажал и дедо Стефан, кој лично го извршил крстевањето на неговиот син, иден “престолонаследник” на Македонија.

Амбасадата на Црна Гора испратила допис до Министерството за надворешни работи на Италија на 21 октомври 2016 година во кој се вели дека Чернетиќ лажно се претставува како принц на Црна Гора и Македонија.

Во интервју за италијански медиум Чернетиќ рекол дека Тито му оставил на неговото семејство стан во Белград и дека татко му се борел на страната на нацистите.

Наводно бил ранет во Малта, па го спасиле Англичаните и потоа се борел за нив до крајот на војната.

“Принцот” за време на посетата на Македонија успеал да ги излаже и премиерот на Македонија и Архиепископот г.г. Стефан.

Не е јасно само дали Стефан Чернетиќ дал поддршка на ЕУ и НАТО интеграциите за Македонија, повикал за поддршка на референдумот за промена на името и зошто оваа официјална посета ја нема на ФБ профилот на премиерот на Македонија но и официјалната интернет страна на Владата на Македонија?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.