Касами смета дека прифаќањето на барањата од Тиранската платформа од страна на Заев со себе подразбирало целосно а не селективно имплементирање, за што и гласале за него

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 ноември, 2018 7:30

Заев стана премиер со албанските гласови, тоа ветување има цена

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во најновата емисијата на ТВ 21, синоќа на тема Преспанскиот договор, гостуваше претседателот на БЕСА, Билал Касами, кој зборуваше за уставните промени.

Меѓу другото, Касами рече дека Движењето БЕСА нема да има условен пристап, но ќе поднесе барања и очекува премиерот Заев да размисли за исполнувањето на неговите ветувања за официјализирање на албанскиот јазик.

Зоран Заев стана премиер со албанските гласови и ветувањето за албанскиот јазик. Ние немаме намера да го блокираме процесот, туку очекуваме рефлектирање од страна на премиерот. Албанците се автохтони луѓе и не се малцинство како што ги третира македонската страна, рече Касами.

Претседателот на БЕСА посочи дека нивните четири амандмани се готови, останува на Владата и на Заев да ги пронајдат правните механизми да ги инкорпорираат во предлог уставните измени.

БЕСА во спротивно е на иста линија на размислување како и Алијанса за Албанците, од каде изјавуваат дека нема логика при отворање на уставот да не се уредат во целост правата на Албанскиот народ во Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.