Да, допрено има глас до мене, Скопје зборува, зборува и внатрешноста. Прашав, проверив и ми рекоа дека се води истрага. Истрагата ќе ги каже резултатите.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 јуни, 2019 13:27

Заев одлепи во собранието: “Се води истрага околу написите за Коки и Кики„

Фото/Текст извор: ©онлине мгазин

И денеска продолжува жестоката расправа во Собранието помеѓу премиерот Зоран Заев и пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Премиерот Зоран Заев, денеска на собраниската седница одговори на поставеното прашање од Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека институциите водат детална истрага околу написите за лица со псевдоними Коки и Кики.

Бидејќи за ова зборува целиот град, дали може до вас премиере допрел глас за сопственик на медиум под псевдоним Коки и дали сте запознаени дека тој изнудил 200.000 евра од поранешен градоначалник на скопска општина, Милошоски го праша премиерот Заев на собраниската седница.

– Да, допрено има глас до мене, Скопје зборува, зборува и внатрешноста. Прашав, проверив и ми рекоа дека се води истрага. Истрагата ќе ги каже резултатите. Дај боже да има пријава и да се расветли, а јас стојам на располагање да помогнам и да дадам прилог во борбата против корупција – изјави Заев.

 Милошоски повторно го праша премиерот дали во корпусот на допрениот глас знае за кого станува збор кога се користи псевдонимот Коки. Дека се зборува оти е висок партиски функционер на СДСМ кој заедно со првоспоменатиот Коки биле кај градоначалничка на СДСМ и барале бесплатна локација за градба во висина од еден милион евра. 

Заев на ова одговори: 

 Интересно Коки и Кики. Но, немам намера да лустрирам луѓе однапред. Нормално дека сум се јавил на градоначалничката. Има дејствие кое се случило пред една година, одбиено им е барањето оти не постои таква локација, не дошло до реализација на такво дело. Барале попуст за комуналии, се барало локација за старечки дом и за пренамена која градоначалничката на Битола нема намера да прави. Тоа е во надлежноста на советот. Има истрага, таа нека утврди, ако има докази нека одговара кој и да е – одговори Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.