Зборот си е збор, поткупените пратенички гласови навистина имаа цена и се условени, Канческа Милевска, философ за 2 години нов Јавен Обвинител, најави премиерот Заев

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 ноември, 2018 6:10

Заев ја најави Канческа Милевска за Јавен обвинител

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Нервните испади на премиерот Заев во последно време ја надминуваат квалификацијата на гафови во политиката, па така на вчерашната седница за пратенички прашања најави дека иден Јавен обвинител ќе биде Канческа Милевска.

Едно просто пратеничко прашање го извади од такт премиерот Зоран Заев.

Несвојствено за неговата ноншалантност со која ги решава најкрупните државни прашања, правејќи проблем од ништо, премиерот потскокнуваше врескајќи од говорницата.

Прашањето што го измести од балансот нго постави пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ кој го повика да не се плаши и да излезе на ТВ дуел со претседателот на опозицијата Христијан Мицкоски.

А тогаш Заев кажа и што требаше, и што не смееше, но моравме да го чуеме, зашто и онака никој не поверува дека е поинаку.

Со претседателот ваш кога ќе сум излезел на дуел?! Кога ќе заземе став. Нека заземе став. –  викаше од говорницата Зоран Заев.

Но премиерот не застана тука, тој продолжи со скандалозните изјави.

И кога ќе дадам предлог на опозицијата, како што е во програмата, по две години за јавен обвинител, да, ќе и дадам на Бети Канчевска, ќе им дадам на оние што имаат одлуки да носат овде и презедоа одговорност. –  рече Заев, несвесно откривајќи дека најверојатно во преговорите кои се одвиваа тој понудил и високи државни функции.

Освен понуди за високи функции, во јавноста кружеа информации дека биле понудени и ослободителни пресуди за пратениците кои беа опфатени со обвиненија од СЈО, но и оние инволвирани во немилите случувања во Собранието минатата година но и високи суми на пари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.