Стојановски, поради лепени, сечени и монтирани снимки на кои јавно им се заканува на вработени во училиштата дека ги прислушкува, наскоро ќе биде поранешен градоначалник

Објавил: Мартин Попоски | 16 септември, 2018 12:33

Заев ќе го менува градоначалникот на Демир Хисар?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

На вечерашниот собир во Демир Хисар на коалицијата “ЗА европска Македонија” не се обрати градоначалникот на општината Марјанче Стојановски.

Праксата од досегашните вакви собири е да се обрати и градоначалникот на општината. Неофицијално е познато дека премиерот Заев намерно го изоставил говорот на градоначалникот по објавеното видео на социјалните мрежи како наводно ги прислушкува вработените во основното училиште.

На ова Марјанче реагираше дека зборовите му се извадени од контекст и дека не е како што изгледа на снимката.

Тогаш Стојановски побара и извинување од медиумите.

Најавената смена на градоначалникот не е само поради објавената снимка, туку се работело и за поделеност во партијата. Неофицијално се дознава дека Стојановски се противел на одлуката на општинскиот огранок на СДСМ за промена на директорот во О.У “Гоце Делчев” во Демир Хисар.

Претходно премиерот Заев за време на посетата во Липково, одговарајќи на прашање дали побарал оставка од градоначалникот на Демир Хисар за видеото кое излезе во јавноста, одговори дека МВР спроведува истрага и дека градоначалникот бил на трибината во првиот ред.

Не беше во делот на тие што имаа обраќање, мислам дека така е чесно додека трае истрагата на МВР, тој беше повикан на разговор, кој е направен, понатаму се истражува, но она што можам да го гарантирам на граѓаните на Р.Македонија е никогаш повеќе нелегално прислушување во Македонија – изјави Заев.

Тој верува дека кои и да биле причините за кои што, градоначалникот зборувал пред колеги, наставници во училиштето било негов личен порив.

Секако јас ќе останам да ги дочекам истрагите од МВР кои што ги прават – изјави премиерот Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.