Бурум Максути на име "мир" во владината коалиција на Заев зема функционерска плата без да оди на работа

Објавил: Мартин Попоски | 22 август, 2018 12:32

Заменик директорот на тетовскиот затвор не оди на работа но зема плата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

И покрај тоа што неколку месеци не се појавил на работа без било какво објаснување Бурим Максути заменик директорот на тетовскиот затвор се уште не е разрешен од оваа позиција и редовно си ја зема својата функционерска плата.

Тој со одлука на Владата на Република Македонија е именуван на оваа позиција но од именувањето до денес само неколку пати се појавил на своето работно место.

Вработените во тетовскиот затвор коментираат дека Максути подолго време неофицијално најавувал дека ќе поднесе оставка од оваа позиција но таа се уште не е поднесена.

Тие коментираат дека Владата е запознаена со фактот дека Максути не доаѓа на своето работно место но поради мир во коалицијата не преземаат никакви мерки за решавање на случајот и негово разрешување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.