Шабан Шаулиќ погребан во алеата на великаните на заслужни граѓани на Србија во Белград

Објавил: Македонка Димкин | 22 февруари, 2019 15:43

Замина Шабан Шаулиќ, на погребот се свиреше неговиот Хит „не плачи душо„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Цел Балкан на едно место. Шабан Шаулиќ погребан со звукот на хармоники од неговиот хит, и со реки солзи од неговата фамилија како и многу познати личности кои дојдоја да се опростат од великанот на народна музика. Последен од Шабан се прости неговиот син Михајло кој им се заблагодари на присутните а потоа Шабан беше испратен со громогласен аплауз што е непознато на овие простори.

Во капелата потресен говор со солзи во очите држеше и Зорица Брунслик неговата кума. » Ми велеше, кумо ајде да одпееме една од нашите песни од широкиот репертоар рече Зорица, а сега куме,  сега со кого да ги пеам јас нашите песни куме, говореше Зорица целата во солзи, опростувајќи се од Шабан.

Во капелата потресен говор со солзи во очите имаше и Зорица Брунслик неговата кума. » Ми велеше, кумо ајде да одпееме една од нашите песни од широкиот репертоар рече Зорица, а сега куме. сега куме со кого да ги пеам јас нашите песни говореше Зорица целата во солзи.

Сите се обидуваа да дојдат до гробот на Шабан, а Гоца неговата сопруга видно вознемирена и тажна го допре Шабановиот сандук кој после го спуштијиа во земја. Почна да се свири и песната „Не плачи душо„ а последната желба од Шабан била токму таа песна да му ја отсвири Мирко Кодич кога еден ден же умре.

Михајло и неговата вереница ја држеа Гоца да не падне бидејќи била во многу лоша состојба и под седативи.

Со солзи во очите беа и многу од присутните и многумина од нив сеуште се  во неверување дека замина кралот на народната музика на само 67 години. Потресени се и многу музички звезди, дојде и Дарко Лазиќ кој пред извесно време беше самиот на ивицата на смрта, и Аца Лукас беше исто на погребот на великанот како и многу други.

Шабан Шаулиќ нема да остане во сеќавање само по неговиот ангелски глас, Шабан ќе осане запамтен и по неговта добрина и смиреност а со тоа покажуваше колку е голем човек.

И Роберт вонбрачниот син од Шабан дојде на последното испраќање на неговиот татко. Роберт е син од Шабан пред да се запознат со Гоца. Роберт сакаше да остане неприметен меѓу масата на луѓе но солзите и тагата по негвиот такто го издадоа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.