Возилата на две познати пејачки доцна вечерта биле опожарени по што морале да интервенираат противпожарни екипи кои цел час се бореле со огнот пишува Досие.мк.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 јануари, 2020 11:09

Запалени возилата на Сузана Турунџиева и Ребека

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Лидер.мк

Возилата на две познати пејачки доцна вечерта биле опожарени по што морале да интервенираат противпожарни екипи кои цел час се бореле со огнот пишува Досие.мк.

Мини куперот кој е во сопственост на познатата пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева било опожарено, а од пожарот било зафатено и второто возило, паркирано до него и зафатено од пожарот возилото на пеачката Ребека Јанковска Ристески. Возилата биле паркирани на паркинг кај ТТЦ Плаза.

Во инцидентот нема повредени , а увидот на надлежните ќе ги утврди причините за опожарувањето на возилата.

Информацијата од Пожарна за Досие. мк ја потврдија веста од каде велат дека интревнцијата била во 3 часот изутрината и траела еден час. Засега според нивните информации пламенот зафатил 6 квадрат простор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.