Автомобилот “Мерцедес” на бизнисменот и сопственик на “Фершпед” – Штерјо Наков бил запален викендов во скопската населба Центар – неколку месеци откако изгоре и автомобилот на неговиот син.
Според МВР на 03.08.2018 година во 3.40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата “Ѓуро Ѓаковиќ” имало опожарено патничко моторно возило “Мерцедес Ц 220” сопственост на Ш.Н. [ 70 ] од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На крајот на март – беше опожарено возилото на неговиот син Сашо Наков. Кога избил пожарот возилото марка “БМВ” било паркирано на истата улица во Дебар Маало. Штерјо Наков тогаш негираше дека пожарот бил подметнат и дека истиот настанал поради изгорената инсталација.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.