Во соопштението се додава дека „сите уапсени се странски државјани на возраст од 36 до 64 години“.

Објавил: Перо Милчин | 4 јуни, 2019 21:30

ЗАПЛЕНЕТИ ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ТОН КОКАИН ВО ПОРТУГАЛИЈА !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Запленети повеќе од еден тон кокаин во Португалија, во вредност од 49 милиони долари.

Како што јавуваат медиумите од Португалија, полиција запленила повеќе од еден тон кокаин во вредност од околу 49 милиони долари.

Како што соопшти португалската полиција, во рацијата денеска се уапсени седум лица на бразилски рибарски брод, во близина на Португалија со голема поддршка и помош на поголем број меѓународни агенции.

„Полицијата на бродот пронашла 50 вреќи со кокаин наменет за пазарот во континентална Европа, во посебно дизајниран и тешко пристапен дел на бродот“, пишува во во соопштението.

Исто така се вели дека уапсените се странски државјани, кои се на возраст од 36 до 64 години“.

Оваа успешна акција почна под шифра „Бел песок“, откако беа разменети важни информации помеѓу португалските и бразилските власти, а доби помош од американската Управа за борба против дрога (ДЕА) и британската Национална агенција за криминал (НЦА).

Кокаин е силен психостимуланс.
Кокаинот делува преку инхибиција на репреземањето на серотонин, норепинефрин и допамин. Ова резултира со зголемени концентрации на овие три невротрансмитери во мозокот. Лесно ја преминува крвно–мозочната бариера. Кокаинот е присутен во растението кока кое расте во Јужна Америка. Се проценува дека нелегалниот пазар на кокаинот изнесува помеѓу 100 до US$500 милијарди секоја година.

Кокаинот е втора најкористена илегална дрога, после марихуаната. Секоја година го користат помеѓу 14 и 21 милиони луѓе.

Употребата е најголема во Северна Америка, потоа Европа и Јужна Америка. Во 2013, употребата на кокаин довела до 4,300 директни смртни случаи, што е зголемување од 2,400 смртни случаи во 1990.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.