После скандалот со Павле Богоевски кога беше сниман како нарачува дрога за "блиска личност„ како што рече тој, во центарот на вниманието повторно се вратија лутите ривали од 1998 година.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 јануари, 2022 22:30

(Видео)ВИСКИ И КОКАИН: Што си рекоа Бранко и Љубчо во `98 -БУГАРОФИЛИ, ШИЗОФРЕНИЈА и многу друго!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Во 1998 та Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски беа ,,лути непријатели,, и сите ги паметат нивните остри енергични дуели и зборовите кој си ги кажаа.

Во тоа време кога се водеше “војна„ помеѓу Георгиевски и Црвенковски се споменуваа шишиња виски, кокаин, шизофренија, предавници, бугарофили и што ли уште не. После скандалот со Павле Богоевски кога беше сниман како нарачува дрога за “блиска личност„ како што рече тој, во центарот на вниманието повторно се вратија лутите ривали од 1998 година.

 Еве дел од едно од тие познати ТВ дуели.

Георгиевски – Треба ли политичар да испие шише виски и да се трезнат со грам кокаин
Црвенковски – дали вие потпишавте дека треба ревизија на македонската азбука, дури и си го сменивте името од љупчо во љубчо со ,,б,,

Бранко Црвенковски е македонски политичар од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и поранешен претседател и премиер на државата, додека пак Љупчо Георгиевски беше првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, од нејзиното основање во 1990, до мај 2003 година. Тој е првиот потпретседател на Република Македонија по прогласувањето на нејзината независност во 1991 година. Од 1998 до 2002 бил Премиер на Република Македонија. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести