Запленети се 860 килограми режан тутун по пазарите
Одделението за истраги – Сектор за контрола и истраги при Царинската управа на Република Северна Македонија, Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Пазарната инспекција, спроведоа заедничка акција против нелегална продажба на режан тутун низ пазарите на територија на град Скопје.
Предмет на акцијата беше контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра.
Во акцијата се запленети 860 килограми режан тутун кој беше пронајден по пазарите и други магацински простории. Со ова се избегнати давачки во износ од 1.763.000 денари.
Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од Царинската управа.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.