Запленети се 48 илјади кутии Орал Џели односно 100 мл гел за орална употреба Камагра, 10.530 ленти со 100 мг таблети Камагра и 7.000 кутии со 100 мг и 150 мг таблети Ценфорце

Објавил: Мате Парлоф | 7 септември, 2023 15:09

Запленети четири тона апчиња и гел за потенција: Лекот не бил регистриран, фирмата немала дозвола

Фото/Текст извор: ©a1on

Спречена нелегална трговија на четири тона апчиња и гел за орална употреба за потенција во вредност од 41,7 милиони денари ризични по здравјето на граѓаните, откако царински инспектори од Секторот за контрола и истраги при детален преглед на стоката утврдија дека фирмата која ja внела стоката во државата нема важечко решение за вршење промет на големо со лекови и медицински средства соопштија од Царниската управа.

Воедно стоката е лек кој не е регистриран во Регистарот на лекови што го води Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Северна Македонија и е различно декларирана.
 
Поради постоење сомневање дека пријавениот сторил кривично дело за нелегална трговија, што е казниво по член 277 од Кривичниот законик, стоката е запленета, а против правното лице ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основно јавно обвинителство Скопје.

Запленети се 48 илјади кутии Орал Џели односно 100 мл гел за орална употреба Камагра, 10.530 ленти со 100 мг таблети Камагра и 7.000 кутии со 100 мг и 150 мг таблети Ценфорце.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.