Од амбасадата ги предупредуваат кандидатите да внимаваат при оставањето на податоците, кои мора да бидат точни и потполни.

Објавил: Владо Марин | 8 октомври, 2020 9:36

Започна пријавувањето за лотаријата за зелена карта за САД

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Пријавувањето за лотаријата за зелена карта за САД за 2022 започна вчера во 18 часот, објави Американската амбасада во Скопје. Таа ќе трае до 10 ноември до 18 часот, а пријавувањето ќе се одвива преку интернет страницата dvprogram.state.gov, на која може да се пронајдат целосни инструкции.

Од амбасадата ги предупредуваат кандидатите да внимаваат при оставањето на податоците, кои мора да бидат точни и потполни.

„Учеството во лотаријата е бесплатно. Им препорачуваме на кандидатите да ги подготват и поднесат своите пријави што е можно порано. Кандидатите смеат да побараат помош од трето лице, кое ќе ја поднесе пријавата во нивно име, но секој кандидат е лично одговорен за тоа дали информациите во пријавата се потполни и точни. Внесување неточни или нецелосни податоци може да доведе до дисквалификација на кандидатот, дури и откако е извлечен како добитник. Секој кандидат може да поднесе само една пријава“, соопштија од амбасадата.

Секој кандидат треба да ја отпечати потврдната страница од пријавата со својот единствен број и да ја зачува до 30 септември 2022 за да може да провери дали е извлечен.

Овој број е единствениот начин на проверка дали кандидатот е избран, што ќе биде можно од 8 мај 2021.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.