Пред неколку недели, Градскиот инспекторат своите активности ги фокусираше на санкционирање на сите непрописно паркирани возила на булеварот Свети Климент Охридски и на улицата Свети Кирил и Методиј, кои претходно беа посочени од граѓаните.

Објавил: Владо Марин | 26 август, 2020 15:54

ЗАСИЛЕНИТЕ КОНТРОЛИ ПРОТИВ ПАРКИРАЊЕТО НА ПЕШАЧКИ И НА ВЕЛОПАТЕКИ ДАВААТ РЕЗУЛТАТИ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Засилените контроли и мерки кои изминатиов период ги преземаа градските комунални редари и инспектори за да се спречи непрописното паркирање на возилата на пешачките и велосипедските патеки почнаа да даваат резултати.

Пред неколку недели, Градскиот инспекторат своите активности ги фокусираше на санкционирање на сите непрописно паркирани возила на булеварот Свети Климент Охридски и на улицата Свети Кирил и Методиј, кои претходно беа посочени од граѓаните.

Во овој период нашите служби изрекоа повеќе од 100 мерки и повеќе од 50 глоби против лица за непрописно паркирање на пешачките површини и на велосипедските патеки.

Деновиве состојбата на двете сообраќајници во централното градско подрачје е значително променета и повеќе нема узурпација на просторот од непрописно паркирани возила.

Контролите на Градскиот инспекторат ќе продолжат и во наредниот период, на локации во сите општини во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести