По изјавата Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, дека дават можност сега и никогаш повеќе, само Северна да е, остри реакции од Москва дека НАТО овој пат навистина претера

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 октомври, 2018 12:38

Захарова со остар напад врз Столтенберг за Македонија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Двојни стандарди на НАТО? што ќе се случеше ако Русија повикаше да се гласа или не во Македонија? Дали НАТО покажа како сака да го уредува светот преку притисокот и влијанието во Македонија?

Западот, како и досега, се обидува да ја повлече Македонија во НАТО, дури и по пропаднатиот референдум за промена на името. – изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова на брифинг со новинарите.

Ветувањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг дека организацијата ќе ја внесе Македонија во своите редови на почетокот на 2019 ако го смени името е недопутлива, бидејќи правата одлука треба да се направи од страна на парламентите на Македонија и Грција, смета Захарова.

Ако зборуваме за немешање во внатрешните работи, тогаш не смееме да агитираме за и против, ако упатуваме на изјаснување на референдум. Ако зборуваме за немешање во внатрешните работи и почитување на законот, вклучувајќи ги и меѓународните, секретар на организација која претставува одреден блок на држави, не треба да зборува за одлуката што ќе се донесе или треба да ја донесе парламентот на земјата. – изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија.

Или треба да признаеме дека можеби  ова е нов светски поредок и вака ќе се дејствува во иднина, додаде Захарова.

Најлошото мешање се случува во внатрешните работи на Македонија. Целта е јасна: тоа е по секоја цена да го вовлечат Скопје во Алијансата. – истакна таа.

Захарова рече дека е изненадена од наодите на комисијата на ОБСЕ што го следеа одржувањето на референдум во Македонија.

Големата пропагандна кампања на Западот е презентирана на позитивен начин. Тоа не е само нормално, тоа е исто така плус. Што би се случило Москва да ги повика Македонците да гласаат или да не гласаат? Ова веднаш ќе се сфати како мешање во внатрешни работи. Ова не се само двојни стандарди, туку злоупотреба на социјални правила и норми. – додаде таа.

Захарова уште еднаш го повтори ставот на Русија дека долгорочните одлуки може да се донесат без мешање однадвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.