Реформаторот во одбрана на владините функционери кои што беа исвиркани на Мечкин Камен

Објавил: admin@magazin | 3 август, 2018 13:50

За Богојески свиркањето на Мечкин Камен беше срамно однесување

Фото/Текст извор: ©Фејсбук

Мечкин Камен – Крушево
Непокор, саможртва, слобода…
Место со кое се идентификуваме и гордееме…

Денес, токму на тоа место, имавме гостин од САД, г-дин Метју Палмер, еден од највисоките гости кој воопшто го посетиле Мечкин Камен во историјата на чествувањето на Илинденското востание, кој дојде да се поклони пред коските на хероите на Илинден, дирекно да ја поткрепи македонската државност, македонската Република! Да покаже почит кон македонската историја… тој е претставникот на нацијата која прва го признала правото на самоопределување и државност на Македонците!

Наместо пречек достоен за домаќински народ, благодарен народ, организиран по строг протокол… ние манифестиравме срам пред лицето на целиот свет. Срам и арам! За секој нас Македонец, а посебно за секој нас крушевчанец…

Ова поведение дирекно ги урива темелите на Република Македонија, дирекно гази врз коските на Илинденците!
Жалам што македонската држава, во сите овие години наназад, дозволи нашите деца да бидат отруени од лажни вести и пропаганда, да бидат оставени сами на себе, да бидат злоупотребени од туѓи бели дворови!

Вината не е кај децата, вината е во системот!
Ова не е патриотизам, ова е кукавичлук и антимакедонски чин!
Осудувам во целост вакво однесување и очекувам конечно еднаш некој да ја преземе вината!!!

П.с. Драги Македонци, после ова никако да не се чудиме зошто само ние немавме формирано држава на Балканот… сега е повеќе од јасно!, напиша Петар Богојески на неговата Фејсбук страница.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.