До кога ВМРО-ДПМНЕ ќе го користи крушевскиот бизнисмен Петар Богојески како алиби за евентуални порази

Објавил: admin@magazin | 11 јуни, 2018 17:12

Реформаторите во ДПМНЕ и исламското влијание на Ердоган

Фото/Текст извор: ©

Се поставува прашањето до кога ВМРО-ДПМНЕ ќе го користи крушевскиот бизнисмен Петар Богојески како алиби за евентуални порази (минати и идни)? Во времето на Груевски, споменатиот бизнисмен често пати бил вклучен во проекти поддржани со крупни државни финансиски средства. Нејасно е какво било неговото учество во проектите на Агенцијата за млади спорт за изградба на спортски сали, изградба и надзор на патишта, проекти на Министерството за култура, Студенчица, ПУИК, Министерството за одбрана, па и во вршење надзор на изградбата на „Белата куќа“ (седиштето на ВМРО ДПМНЕ)  која јавно ја критикувал

Се чини дека додека Богојески бил на власт ги користел ваквите проекти за сопствено богатење, а подоцна станува конструктивен и истите ги користи како алиби за несогласувања во ДПМНЕ, со цел да го демотивира членството и нивното присуство на состаноците на партиските ограноци. Богојески и останатите реформатори ја презедоа улогата на „важен“ фактор за поразот на ДПМНЕ на последните локални избори, иако тоа е ни од блиску не е вистина. Оттука се поставува прашањето дали реформаторите имаат цел да ја разнебитат партијата на Мицковски? Во јавноста владее мислење дека Богојески е близок со амбасадорот Бејли, што можеби е вистина или можеби наметнато мислење со цел да се зголеми евроскептицизмот и анти-НАТО расположението во партијата. Дел од генералите во Генералниот штаб на АРМ се шегуваат дека „не се за НАТО ако Петар не носи таму“. Дали можеби Петар е активиран за разнебитување на македонизмот за сметка на исламскиот фундаментализам?

Одговорот на последното прашање ќе го побараме во процес започнат во време на „режимот“ , а финиширан во време на „хунтата“. Единствената константа во процесот на разнебитување е државниот советник за недвижности и правни работи во Министерството за одбрана, Петар Богојески, истовремено и заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Богојески своевремено се користеше од структури во ДПМНЕ за раскрчмување на имотот на Министерството за одбрана по багателни цени (како битолската касарна на Сиљан Мицевски, локации на вицепремиерот Анѓушев, струмичката касарна, касарната во Петровец и касарната „Илинден“). Во касарната Петровец беа склучени договори со концесионерот ТАВ, после кои следеа и останати договори со Џевахир Холдинг. Во двата процеси, Петар е на чело на хиерархијата, а клучно во нив е давање ексклузивно земјиште на капитал поврзан со Ердоган и Турција. Актуелен е случајот во касарната „Илинден“, поради давање земјиште со одлука на Владата на Заев и Анѓушев на близок соработник на Ердоган. И тоа ни помалку ни повеќе, се дава дел од просторот предвиден за реализација на проектот „АРМ – мој вистински дом“, со кој беше предвидено изградба на станови за припадниците на војската заради подобрување на нивниот стандард и општествен статус.

По којзнае кој пат, кредитоспособни војници после неколкугодишните талкања по банкарски шалтери, собраа сила да ги задоволат барањата на проектот за на крај да бидат „извисени“ од страна на комисијата, чиј претседател беше и сеуште е државниот советник Петар Богојески.

За време на владеењето на ДПМНЕ, во име на министрите Коњановски, Јолевски, Бесими и Џафери, Богојески беше претставник на министерството за проекти со недвижности, а денеска за време на СДСМ, истата функција ја продолжува од поцврста политичка функција во опозиционата партија.

Во рамките на изработката на стратегијата за развој на Министерството за одбрана, предвидено е гаснење на Музејот на АРМ, со што ќе се запечати целосната контрола на Министерството за одбрана од страна на исламските претставници (барањето да се затвори Музејот на АРМ, чиј раководител е Д-р Александар Стојчев, голем борец за Република Македонија и АРМ, датира уште од времето на Таљат Џафери, кога од страна на Богојески и тогашниот државен секретар Саше Стефановски, беа вршени првите опструкции во работењето на истиот). Барањата од блиските соработници на Ердоган, најверојатно биле далеку поважни од историската улога на Музејот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.