По коментарите на социјалните мрежи обвинителството реши да делува

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 јули, 2018 16:15

За говор на омраза на ФБ и Твитер за пожарите во Грција ќе се одговара

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Основното Јавно обвинителство – по допрен глас оформи предмет во врска со определени написи и коментари по социјалните мрежи а со кои преку компјутерски систем во јавноста се шират расистички и ксенофобични материјали.

Објавените текстови во социјалните мрежи се насочени кон пожарот во близина на Атина во регионот Атика во Република Грција во кој има и човечки жртви.

“Јавното обвинителство ќе испитува дали преку пишувањето на коментарите и написите на социјалните мрежи е извршено кривично дело за кое се гони по службена должност. Следува преземање на дејствија со цел обезбедување докази во предметот. Воедно ќе се утврдува идентитетот на лицата кои преку објавување на написи и коментари учествувале во ширењето на говорот на омраза.”

Во пожарите во Грција до сега се евидентирани над 85 жртви – 300 повредени и 15 лица кои се во тешка состојба додека материјалната штета е огромна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.