Димитров и Арифи во Тетово им кажаа на тетовчани се, само и многу излажаа, па нека одговорат на прашањата кои самите ги отворија јавно

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 септември, 2018 12:35

За Заев пропаднавме, за Димитров “ќе има избори”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за надворешни работи Никола Димитров ја започна кампањата за референдумот насловена „За европска Македонија“ со посета на Тетово и средба со градоналничката Теута Арифи.

И што ветија потпретседателката на ДУИ Арифи и гласноговорникот на СДСМ Димитров е многу битно, затоа што првото обраќање на министер за надворешни работи говори дека воопшто и нема познавање што точно ќе се придобивки а што загуби од евентуалното имплементирање на Договорот со Грција јавно познат и како Договор за промена на името и негирање на Македонската нација во своето постоење.

Според Арифи, токму поголемите, пошироките објаснувања околу референдумот и неговата важност за иднината на Македонија се главна цел на посета на Димитров на Тетово.

Големото Да од сите граѓани на денот на референдумот апсолутно ќе значат голема перспектива за нашата земја. Тоа ќе ни даде поголема стабилност како земја што ќе стане членка на НАТО и со тоа ќе седне на иста маса со големи и влијателни земји и нашиот глас и нашето влијание ќе ја има истата вредност што мислам дека е многу значајно. Локално или директно со граѓаните процесот со Европската унија апсолутно ќе ни даде многу повеќе проекти што ќе значи многу поквалитетен живот, рече Арифи.

Министерот Димитров посочи дека како надлежен за надворешните работи има други задолженија надвор од државата, но со оваа своја прва теренска активност околу референдумот сака да запознае што повеќе граѓани и сонародници, да ги чуе нивните локални проблеми, да се сретне и со градоначалници, но и да ги објасни сите прашања поврзани со реферндумот на 30 септември.

На 30 септември имаме состанок со историјата, голема историска крстосница, да ги отвориме вратите за НАТО членство што ја зацврстува нашата државност и безбедност и носи инвестиции, бидејќи Македонија ја прави попредвилва за странскиот фактор. За отворање на вратите за пристапните преговори со ЕУ што ќе ни помогне да бидеме поевропски дома, да има повеќе ред, да има правда, да бидеме поефикасни, да има поголеми плати, изјави Димитров.

При моето  утринско кафе со евроамбасадорот Жбогар, додаде, зборувавме за Полска пред и по влегувањето во ЕУ каде приходите се зголемени трипати, а платите двапати, за Словачка со двојно зголемување, Хрватска од девет милијарди извоз во ЕУ сега има 14 милијарди.

Многу возови пропуштивме закопани во ровот. Изборот е одиме напред во иднината со овие бенефиции што ги споменувам, со самодовреба, со заштитен и афирмиран идентитет и со компромис меѓу нашата Македонија и регионот Македонија во Грција или да одиме назад кон изолација со стравот и во една атмосфера на немоќ дека никој не не сака и дека немаме големи пријатели, појасни Димитров.

За гаранциите дека ќе станеме членка на НАТО и ЕУ, Димитров рече дека договорот што го решава проблемот, но и гради партнерство и пријателство со Грција во многу области, водејќи кон стратешко партнерство, е врзан со она што ние сакаме – членството во НАТО и да ги почнеме пристапните преговори за членство во ЕУ.

За договорот да влезе во сила грчкиот парламент покрај ратификација на спогодбата на истата сесија ќе ги ратификува пристапните протоколи за членство во НАТО. Значи влегувањето во сила е врзано, тоа е заштитен механизам вграден во договорот, со ратификација на пристапните протоколи. Извршувањето на договорот што се однесува за внатрешна употреба е врзано со отворање на преговорите за членство во ЕУ, потенцира Димитров.

За можноста реферндумот да не успее, министерот Димитров посочи дека од сите советници за односи со јавност има насоки да не се одговара на хипотетички прашања што почнуваат со ако, што или доколку.

Немам никаков сомнеж дека мнозинството граѓани ќе излезат и ќе заокружат Да. Секогаш кога Македонија имала крупен историски предизвик или крстосница нашиот народ имал мудрост да оцени што е добро за државата. Така што не знам колку е опортуно и мудро од моја страна да зборувам што ако има обратна состојба. Ние толку време зборуваме за рефернедум за ова прашање и толку време има преговори и процес и сега кога сме дошле до компромис по 25 години од приемот на Македонија во ОН каде од Советот за безбедност добивме обврска да го надминеме ова прашање со нашите соседи, со Грција и после толку време сега околу референдумот имаме дилеми. Референдумот е начин да се добие политички легитимитет а народот, граѓаните да застанат зад оваа одлука заедно. Секогаш ќе има политички пресметки и ќе има превид ако ова прашање не се направи вака, рече Димитров.

За тоа дали ова значи почеток на кампањата за реферндумот Димитров рече дека ова не се избори, туку референдум за едно важно прашање за иднината на државата и сите нас.

За вакво прашање и четири месеци да им кампања би било добро да се расчистат сите дилеми. Секој граѓанин мора да знае каков е влогот, а ова не е лесно прашање. Јас лично постојано поминувам низ мојата совест во текот на овие месеци и процесот на разговорите и затоа сите прашања треба да се разјаснат, да знаат луѓето за што се работи и кој е влогот, кои се ризиците, иднина или назад, посочи Димитров.

Во однос на условот за уставни промени согласно договорот со Грција за тој да стапи на сила Димитров рече дека ќе стапат на сила само доколку се ратификува спогодбата и од другата страна.

Овие промени на Уставот ќе бидат согласно одредба од Уставниот закон дека ќе влезат во сила заедно со ратификација на спогодбата од другата страна. Се е врзано. Самиот референдум се споменува како можност во спогодбата, не како правило, туку услов. Меѓутоа услов е успешен уставен процес. Референдумот е потребен да се добие политичка подршка од граѓаните, ветер во грб за да дојдеме до двотретинско мнозинство (во Собранието) што ќе го заземе по ова прашање, а понатаму ќе отиде топката кај другата страна, Ако нема 2/3 мнозинство, ќе има предвремени избори, потенцира Димитров.

Она што е битно е како во име на граѓаните на Тетово Арифи одговара дека сите ќе гласаат со “за”?

Каква поголема стабилност ни треба од НАТО кога земјите кои се членки во НАТО а се наши соседи ( Бугарија и Грција ) не ни го признаваат постоењето, идентитетот, името, историјата, јазикот?

НАТО штити од земји кои ве нападнале а не се членки а не од самите членки меѓу себе?

Кои инвестиции ги носи НАТО?

Зошто Димитров со пари од Џорџ Сорос преку Фондацијата отворено општество пропагираше “Не ме нарекувај ФИРОМ, викај ме по моето име, Македонија?”

Зошто народот да му даде легитимитет на Договорот? Зошто договорот не беше прво ставен на Референдум па потпишан?

Зошто Грција ќе го ратификува во 2 фази? Зошто после нас?

Какви Уставни измени ќе носи Договорот?

Како ќе изгледа новиот Устав? Новата Преамбула?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.