Министерството за здравство тврди дека кај сите три пациенти за прв пат е откриен дијабетес

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 јули, 2018 12:58

За заменик министерот родителите се виновни за тешката состојба на девојчето

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Бухова иако беше најавено дека ќе говори на денешната прес конференција за хоспитализираните деца – на истата сепак воглавно говореше заменик министерот за здравство Асим Муса.

Според Муса се огласиле по медиумските извештаи за трите деца со новооткриен дијабетес со цел да се спречи ширење на полувистини.

“Го посетивме девојчето на КАРИЛ – таа е стабилна и состојбата и се подобрува – таа е при свест и при крајот на денот ќе биде интубирана. Сите три случаи се новоотркиени и сите деца за прв пат кога отишле на лекар за својата здравствена состојба во матичните установи било откриено дека имаат дијабетес па согласно со правилата бидејќи се деца тие биле испратени на Клиниката за детски болести каде најстурчно се третираат.”

Муса истакна дека девојчето неколку дена претходно било во лоша здравствена состојба но не било однесено на лекар од родителите. Кога и се влошила здравствената состојба родителите реагирале и прво побарале помош во Општата болница во Охрид од каде пациентот бил испратен на лекување во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.